Регистрирани диви мачки во заштитеното подрачје Вевчански извори

Фото: Принтскрин

Еколошкото здружение „Еко свест“ преку фото замка регистрираше диви мачки во заштитеното подрачје Вевчански извори.

Дивата мачка е осетлив и плашлив дивеч, строго заштитен вид. Согласно Законот за ловство на национално ниво забранет е нејзиниот лов. Исклучив месојад, кој вообичаено оди ноќе и взори по својот плен, а начинот на исхрана го приспособува според условите на своето живеалиште. По изглед слична е со питомата мачка.

Има одлично развиен слух, вид и допир, а послаб мирис. Таа е силно и снаодливо животно, се движи внимателно и речиси нечујно, а може да скокне во должина и до 15 пати повеќе од своето тело. Од питомите мачки секогаш се разликуваат по црните усни и табани и големата влакнавост во внатрешноста на ушите. Главата на дивата мачка е поширока од главата на домашната, информира „Еко свест“.

Здружението информира дека фото замките биле поставени во 2018 година во рамките на проектот „Воспоставување на систем за мониторинг и управување со Вевчански извори Споменик на природата”, поддржан од УНДП.

Во тек е реализација на проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје Вевчански извори“, што од минатата година го реализаира во ова заштитено подрачје со цел поддршка за одржливо управување. Во рамките на проектот во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ предвидено е да биде поставена трајна поставка за природа, преку која посетителите ќе можат да се запознаат со природното наследство на Споменикот на природа Вевчански извори и планината Јабланица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот