Редовен учесник во групите на ЛШ и ЛЕ со интерес за Ристовски

фото: твитер

Како што информира португалската „А Бола“, македонскиот одбранбен репрезентативец има уште една понуда од Русија.

Овие денови се шпекулира дека Динамо Москва покажува интерес за Стефан Ристовски, но тука не застанува рускиот интерес за услугите на досегашниот дефанзивец на Спортинг Лисабон.

Редовниот учесник во групите на Лигата на шампионите и Лига Европа, Спартак Москва, исто така ја следи ситуацијата со 28-годишниот Ристовски.

Администрацијата на Спортинг ја чека потребната понуда која треба да биде помеѓу 2,5 милиони и три милиони евра, во спротивно лисабонските „лавови“ нема да се откажат од нашиот десен бек.

Останува да се види дали до 17 октомври 2020 година кога ќе се затвори преодниот рок во Русија, Македонецот ќе направи трансфер во таа земја. Има некои движења помеѓу шефовите на двата клуба и агентот на играчот, па многу е веројатно дека во следните неколку дена формална понуда ќе пристигне во Алваладе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот