РЕЦЕСИЈАТА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Германските компании го скратуваат работното време

фото: Профимедиа

Меѓу германските компании од индустрискиот сектор се поприсутно е скратено работно време, се вели во студијата на економскиот институт Ифо од Минхен.

Во производниот сектор, 5,5 проценти од компаниите веќе воведоа работа со скратено работно време, во споредба со само 3,8 проценти во јуни, се вели во соопштението на Ифо доставено до Танјуг.

Во исто време, дури 12,4 проценти од компаниите очекуваат да воведат работа со скратено работно време во текот на следните три месеци, во однос на само 8,5 проценти во јуни.

Работата со скратено работно време во германската индустрија во моментов е концентрирана во седум сектори, според истражувањето на Ифо.

Во текстилната индустрија се воведоа работни места со скратено работно време во 20 проценти од компаниите, а потоа следуваат компании за производство на електрична опрема (11 проценти), компании за производство и преработка на метали (10 проценти) и компании за производи од метал (девет проценти).

Кај автомобилската индустрија, ова е седум проценти и шест проценти кај компаниите за производство на хартија и картон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот