Рецепт за вечерна чоколадна торта готова за 30 минути: Без грижа на совест – има само 200 калории!

Instagram
Instagram

Обично доцна навечер ни се пријадува нешто слатко и калорично, како на пример: чоколадна торта.
За да не јадете и овој пат со грижа за совест ви ја предлагаме оваа алтернатива во форма на брза „диетална“ чоколадна торта.

Состојки:

  • 3/4 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер (по можност кафеав)
  • 2 полни лажици какао во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 лажички масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки – брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки, потоа додадете ги сите состојки и измешајте сè добро додека не добиете хомогена смеса.

Загрејте половина чаша вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата и сè добро измешајте. Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калап и печете 30-40 минути,

Кога тортата ќе се олади, исечете ја на 12 парчиња – пресметајте дека секоја има околу 200 калории.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот