Рецепт за зелени палачинки, поразлични од сите други: Цел ден ќе „пукате“ од енергија

Фото: Pickpik

Дали некогаш сте пробале зелени палачинки? Многу лесно се подготвуваат, богати се со витамини, а децата ќе ги обожаваат.

Доколку сакате да ги искористите намазите од фрижидерот или ви се јаде нешто друго што не е тортилја, рецептот за овие солени палачинки е идеалното решение за брз, а иновативен појадок.

Состојки:

– 1 јајце

– 50 мл млеко

– 8-10 листови свеж спанаќ

– 1 лажица брашно

– парче кашкавал

Фото: Eva Bronzini / Pexels

Подготовка:

Сите овие состојки ставете ги во блендер. Ќе знаете дека смесата е добра доколку наликува според густината на тестото за оригиналните палачинки. Оваа количина е доволна за три палачинки, а мерењата можете да ги зголемите според вашите потреби.

Тава за палачинките подмачкајте ја со масло. Печете ги на средна температура.

Филувајте ги со кисела павлака, крем-сирење, додадете шунка или што и да ви падне напамет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот