Рецепт за со­ле­на тор­та од ком­пири, однадвор крцкава, внатре мека

Фото: Pxhere

Компирите се една од омилените намирници во нашето поднебје. Подеднакво се користат за слатки и солени специјалитети, кога се во текот посни, но и мрсни денови.

Еден од начините за нивно консумирање е и оваа солена торта, чија подготовка е многу брза, а резултатот е фантастичен. Одличен избор е за појадок, ручек и вечера, може да се послужи како прилог, но и како главно јадење.

Состојки:

– 1 килограм ком­пири
–  2 децилитри ки­се­ла пав­лака
– 2 децилитри пав­ла­ка за гот­вење
– 1 чеш­не лук
– 180 грама каш­ка­вал
– 1 ла­жи­ца ме­ша­ви­на од ме­лен ким, цр­ве­на пи­перка, кари, бо­си­лек
– 40 грама пу­тер
– мус­кат­но оревче
– сол, би­бер

Фото: Pxhere

Подготовка:

Излу­пе­ни­те ком­пи­ри исе­че­те ги на тен­ки кру­гови. Ста­ве­те ги во сад и пре­лиј­те ги со лад­на вода. Оста­ве­те да стојат 5 ми­нути, а по­тоа доб­ро исце­де­те ги. Ис­чис­те­те го лукот и исе­че­те го на по­ло­вина. Округ­ли­от ка­лап за тор­ти пре­мач­кај­те го по дно­то и ра­бо­ви­те со по­ло­вин­ки­те од лукот, енер­гич­но стис­кај­ќи за да из­ле­зе це­ла­та арома, па ка­ла­пот пре­мач­кај­те го со мар­га­ри­нот.

Ком­пи­рите, ки­се­ла­та и пав­ла­ка­та за гот­ве­ње из­ме­шај­те ги во са­дот, за­чи­не­те со солта, би­бе­рот, из­рен­да­но­то мус­кат­но орев­че и ме­ша­ви­на­та од за­чи­ните. Доб­ро из­ме­шај­те и преф­рле­те во ка­ла­пот. Оста­то­кот од пав­ла­ка­та од дно­то на са­дот си­пе­те го по ком­пи­рите, по­си­пе­те го рен­да­ни­от каш­ка­вал и пар­чи­ња­та мар­га­рин.

Заг­реј­те ја рер­на­та на 180 сте­пе­ни и пе­че­те ги ком­пи­ри­те око­лу 45 ми­нути, до­де­ка не би­дат меки, а по врвот со златно-жол­та боја. Ко­га ќе се ис­пе­чат, ос­та­ве­те ги око­лу 10 ми­ну­ти да отстојат, а по­тоа исе­че­те ги на пар­чиња. По жел­ба во ком­пи­ри­те мо­же­те да вме­ша­те и ча­де­ни пе­чур­ки и по­ма­ли коц­ки сла­нина.
Рас­по­ре­де­те ги рам­но­мер­но пар­чи­ња­та по врвот, по­си­пе­те ги со рен­дан каш­ка­вал и со пар­чи­ња пу­тер. Ако пе­че­на­та тор­та ви се чи­ни не­до­вол­но сочна, до­де­ка е уш­те вре­ла за­лиј­те ја со мал­ку млеко, па вра­те­те ја во ис­клу­че­ната, заг­ре­а­на рерна.

Фото: Дело вкуса

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот