Рецепт за посни кифлички со спанаќ: Им успева на сите домаќинки
Домашни кифлички меки како памук и неверојатно вкусни. Овој рецепт е толку едноставен и лесен за правење, поради што ќе им успее и на не толку искусните домаќинки.
Препорачано
Состојки:
За тестото:
– 500 г брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 1 лажичка сол
– 1 шолја растително млеко
– 1/2 шолја масло
За филот:
– масло за пржење
– 200 г свеж спанаќ
– 200 г тофу сирење
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– сол и бибер по вкус
Подготовка:
Прво измешајте ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво и солта.
Во тоа додадете масло и растително млеко, па замесете мазно тесто и покријте го со крпа. Оставете да отстои околу половина час.
Во тава со малку масло пропржете ситно сечкан кромид и лук, а потоа додадете го ситно сечканиот и добро исцеден спанаќ, па пропржете.
Додајте ги тофу сирењето, солта и биберот, па пржете додека убаво не се соедини.
Тестото развлечете го во круг, исечете го на триаголници и на секој додајте по една лажица фил, па свиткајте ги кифличките.
Кифличките печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


