Рецепт за посна чоколадна торта полна со џем

стар леб чоколадна торта
Фото: Unsplash

Посната чоколадна торта се полни со џем што ѝ дава сочност и се прекрива со кремаст прелив што се топи во устата. Станува збор за десерт по кој ќе копнеете во текот на постот, а уживањето во оваа чоколадна фантазија е целосно дозволено. Во посната чоколадна торта не се користат ниту јајца ниту млеко, наполнета е со џем и прелиена со чоколадо, па е сочна и кремаста, навистина создадена за уживање.

Состојки:

– 300 мл незасладено млеко од соја
– 1 лажица ситно мелено чија семе
– 1 лажица сок од лимон
– 1 лажичка инстант кафе во прав
– 2 лажички екстракт од ванила
– 150 грама растителен путер
– 3 лажици мед
– 175 грама шеќер
– 35 грама какао во прав
– 300 грама брашно
– 1 прашок за печиво

За преливот:

– 200 грама темно чоколадо
– растителна павлака за готвење
– 1 лажица мед

За филот:

– 90 грама растителен путер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажица незасладено млеко од соја
– 2 1⁄2 лажици какао, просеано
– 180 грама шеќер во прав, просеан
– 4-8 лажици ликер амарето
– 6 лажици џем од цреши

Подготовка:

За посната чоколадна торта со џем загрејте ја рерната на 160 степен. Калапот за торта обложете го со хартија за печење. Во голем сад изматете ги соја млекото, чијата, сокот од лимон, кафето во прав, ванилата, растопениот путер и медот. Оставете настрана 5 минути. Во голем сад просејте ги шеќерот, какаото и брашното. Сипете ја влажната смеса, матете додека не стане мазна, а потоа со лажица сипете ја во подготвениот плех и израмнете ја површината. Печете 45 минути, потоа покријте со фолија и печете 25-30 минути, додека пандишпанот не биде печен и не излезе чиста чепкалката за заби со која ќе го боцнете тестото за да проверите дали е доволно печено. Префрлете го на решетка да се излади еден час, а потоа извадете го од калапот и оставете целосно да се излади.

За преливот, ставете ги сите состојки во сад поставен над тавата со едвај зовриена вода.
Повремено мешајте додека не се растопи. Тргнете го од оган и оставете на ладно додека не почне да се стегнува – ова може да потрае неколку часови. За да се излади побрзо, ставете го садот во поголем сад наполнет со ледена вода. Мешајте секоја минута, но внимавајте да не стане премногу цврсто.

За кремот, со електричен миксер изматете го намазот додека не побледи. Изматете ги ванилата и млекото од соја да се соединат. Додајте ги какаото и шеќерот во прав и матете додека смесата не стане бледа и воздушеста. Исечете го пандишпанот за тортата, така што изладеното печиво со остар нож ќе го исечете на три слоја. Прелијте ја исечената страна на секој слој со 1-2 лажици амарето.

Горниот и средниот слој премачкајте ги со половина од кремот од путер, а потоа во секој додајте половина од џемот, развлекувајќи тенко до околу 1 см од работ. Ставете ги слоевите на тортата. Со нож намачкајте го преливот врз тортата. Оставете ја тортата на ладно место неколку часови додека не биде доволно цврста за да се исече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот