Рецепт за пилешка чорба со млад зеленчук, една состојка го продлабочува вкусот
Состојките како пилешко филе, моркови, целер, кромид и ориз ѝ даваат на оваа чорба богат вкус и текстура, додека пилешкиот бујон додава полност и длабочина на вкусот…
Состојки:
– пилешко филе
– 2 млади моркови исечени на кругови
– стебленце целер исечено на кругови
– сечкан млад кромид и лук
– лажица маслиново масло
– шолја варен ориз
– 3 шолји пилешки бујон (може да користите и вода)
– сол и бибер по вкус
Подготовка:
Пилешкото филе ставете го во тенџере и прелијте го со вода да го покрие. Варете на средна температура околу половина час додека месото целосно не се свари. Месото извадете го од тенџерето и оставете го малку да се излади, а потоа исечете го или искинете го на парчиња. Во тенџере на маслиново масло динстајте ги кромидот, морковот и целерот додека не омекнат. Додајте го сварениот ориз, промешајте, па сипете го бујонот и оставете да зоврие. Намалете ја температурата, додајте ги исечените парчиња пилешко и варете уште 10 минути додека вкусовите добро не се соединат. Посолете и забиберете по вкус и послужете додека е топло.