Фото: Jasmine&Roses / Flickr

Рецепт за паштета од џимиринки, одличен намаз што мора да го пробате

Фините и вкусни џимиринки се едни од омилените домашни деликатеси. Некогаш се сметале за храна на сиромашните, но денес се многу ценети. Одлични се кога се јадат сами, но со нив можете да подготвите и разни исклучително убави рецепти. Еден од нив е и феноменалната паштета од џимиринки, совршен намаз што ќе ги воодушеви сите љубители на оваа намирница.

Оваа вкусна паштета се прави многу лесно, така што секој може да ја направи.

Фото: Two Helmets Cooking / Flickr

Состојките се мешаат во блендер, секако треба да се погрижите меѓу нив да нема тврди парчиња за да може што подобро да се иситнат. А од другите состојки тука се тврдо варените јајца, кромидот, киселите краставички и лукот, како и малку мајонез и сенф за подобро соединување. Во некои рецепти се користи павлака, но оваа варијанта има малку поинтензивен вкус. Сите тврди состојки измелете ги во блендер. Потоа, во смесата додајте сенф и мајонез сол и бибер по вкус, па сè добро измешајте. Ако џимиринките се суви, можете да додадете повеќе мајонез.

Оваа паштета од џимиринки е вистински деликатес и толку е вкусна, што сигурно ќе ја правите уште многупати откако ќе ја пробате за првпат. Одлично оди со леб, можеби и вистински домашен, кој секогаш е одлична комбинација за секоја паштета или намаз. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот