Рецепт за лимончело шприцер, летен коктел кој ќе ве опушти

Фото: Freerangestock

Во летниот период бараме лесни и освежителни пијалаци, а лимончело шприцер е токму таков коктел. Овој освежителен пијалак се базира на популарниот италијански ликер од лимон и се меша со пенливо вино просеко, лимонада и минерална вода.

Дополнителна длабочина на вкусот му дава лимонот, како и миризливите ливчиња од неодоливиот босилек.

Состојки:

– 60 милилитри ликер од лимончело

– 60 милилитри вино просеко

– 30 милилитри лимонада

– 4 ливчиња свеж босилек

– половина лимон

– малку минерална вода со вкус на лимон

– мраз

Подготовка:

Исечете половина лимон на тенки парчиња. Ставете ги во сад со ливчињата босилек и лимонадата. Изгмечете ги со толчник за вкусовите да се помешаат.

Доколку немате опрема за правење коктел, слободно импровизирајте со садовите што ги имате дома.

Додадете лимончело и мраз во длабок бокал со капак и добро протресете. Добиената течност процедете ја и поделете ја на две чаши. Додадете просеко и малку минерална вода со вкус на лимон. Украсете ја чашата со парче лимон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот