Рецепт за хумус што го освои светот: Се јаде на безброј начини, а се прави за 15 минути
Хумусот е еден од најпознатите намази и сосови во светот и вистински скапоцен камен меѓу јадењата.
Препорачано
Неговите основни состојки: наут, сусам, лимон и лук, се комбинирани со векови во Египет и Левант, а најраните податоци за слично јадење доаѓаат од готвачи од Каиро што датираат од 13 век.
Во продолжение ви претставуваме рецепт за традиционален хумус.
Состојки:
– 250 грама варен наут
– 1 чешне лук
– 2-3 лажици вода
– една четвртина чаша сок од лимон
– половина чаша таан
– ким
– 2 лажици екстра девствено маслиново масло
– сол, мелен пипер и бибер во зрно по вкус
Подготовка:
Во блендерот сипете ги таанот и сокот од лимон, па блендирајте една минута, со силиконска шпатула соберете ја смесата од страните на блендерот, вратете го на дното, па блендирајте уште малку додека не добиете фина и кремаста текстура.
Додајте ситно сечкано чешне лук, маслиново масло, половина лажичка сол и ким, па блендирајте уште половина минута, исчистете ги ѕидовите на блендерот, вратете на дното и блендирајте уште половина минута.
Додајте го наутот, кој претходно сте го измиле и добро сте го исцедиле, па блендирајте додека не добиете мазна маса.
Во овој момент, хумусот веројатно ќе биде густ (или дури и ќе има ситни парчиња наут), па додавајте вода една по една лажица, правејќи паузи за да се соедини, додека не ја добиете саканата конзистентност.
Додајте сол, бибер и мелен пипер по вкус, па блендирајте уште 10 секунди.
Хумусот сипете го во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер каде што може да стои една недела.


