Чоколаден чискејк со нескафе / Фото: Karina Kungla / Pexels

Рецепт за чоколаден чискејк со нескафе, се топи во уста!

Комбинацијата од чоколадо и нескафе во овој чискејк носи богат, кремаст и незаборавен вкус.

Состојки:
Подлога:

– 200 г бисквити
– 1 лажица горчливо какао
– 60 г растопен путер
– 50 мл силно кафе

Фил:

– 2 лажици инстант кафе
– 70 г шеќер
– 60 г пченкарен скроб
– 400 мл млеко
– 200 мл засладена павлака за шлаг
– 100 г темно чоколадо

Прелив (дресинг):

– 2 лажици шеќер
– 2 лажици инстант кафе
– 2 лажици вода

За посипување:

– Какао по вкус

Подготовка:

Комбинацијата од богато чоколадо и благата арома на нескафето го прави овој чискејк посебен десерт кој е лесен за подготовка и ќе ги воодушеви сите љубители на кафе и чоколадо.

Совет:

Користете силно, висококвалитетно инстант кафе за да ја направите аромата поинтензивна, а чискејкот уште повкусен.
Издробете ги бисквитите и измешајте ги со какао, растопениот путер и кафето за да добиете изедначена маса. Притиснете го на дното од калапот за чискејк и оставете го во фрижидер да се стегне.
Загрејте го млекото со шеќер и инстант кафе во тенџере, потоа додалте го пченкарниот скроб разматен во малку ладно млеко. Мешајте додека филот не се згусне. Тргнете од оган и вмешајте го ситно исечканото темно чоколадо додека целосно не се растопи. Оставете го филот малку да се излади. Изматете ја засладената павлака за шлаг и внимателно додајте ја во изладениот фил. Филот намачкајте го врз подлогата од бисквити и вратете го во фрижидер неколку часови, најдобро преку ноќ.

За преливот, загрејте ги шеќерот, инстант кафето и водата додека шеќерот не се раствори и оставете да се излади. Пред сервирање, прелијте го подготвениот прелив врз тортата и посипете какао одозгора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот