Рецепт за бомбици од суви смокви, бадеми и брусница

Фото: Принтскрин/Инстаграм

За сите љубители на брзински сирови и здрави деликатеси. Едноставни за правење, декоративни и долго се одржуваат без да се менува нивната состојба.

Па, доколку сакате суви смокви и генерално суво овошје и јаткасти плодови, задолжително пробајте ги овие топчиња или бомбици, сигурни сме дека ќе ви се допаднат… Уживајте!

Состојки:

– шолја суви смокви
– шолја бадеми
– четвртина шолја какао во прав
– малку цимет
– малку сува брусница
– лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Сувите смокви исчистете ги од дршките, прелијте ги со врела вода, оставете ги да отстојат десетина минути, па исцедете ги.

Во меѓувреме, бадемите измиксајте ги во блендер со какаото, циметот и ванилата. Додадете ги смоквите и брусницата и миксирајте додека не се добие еднолична смеса. Формирајте топчиња и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот