Реал нема да купува нов напаѓач: Чаби Алонсо избра замена за Килијан Мбапе
Одлуката е донесена – шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид нема да купи напаѓач кој ќе биде „план Б“, бидејќи имаат еден во своите редови, а тоа е Гонзало Гарсија.
Препорачано
Младиот напаѓач, кој минатата сезона играше за Алваро Арбелоа во вториот тим на Реал Мадрид, доби шанса кај Чаби Алонсо и ја искористи максимално. Алонсо верува дека Гарсија може да биде резервен напаѓач, носејќи сè што е потребно од клупата, како што некогаш правеше ветеранот Хоселу.
Тој има 21 година, роден е во Мадрид, играше за сите помлади категории на Реал Мадрид, ја познава филозофијата на клубот и со својата работа ја заслужи довербата на Чаби Алонсо. Досега постигна два голови и имаше една асистенција на Светското клупско првенство, заменувајќи го Килијан Мбапе, кој имаше проблеми со стомакот.
Се очекува Гарсија да биде дел од првиот тим оваа сезона и да добие шанса да се докаже. Останува да се види што ќе се случи со младиот напаѓач Ендрик, кој минатото лето пристигна од Палмеирас за дури 45 милиони евра.
Реал Мадрид се среќава со Јувентус во осминафиналето на Светското клупско првенство, Килијан Мбапе се враќа во тимот, но не е невозможно Гонзало Гарсија да остане прва опција бидејќи е во добра форма. Натпреварот Реал – Јувентус е закажан за вторник во 21.00 часот.


