Реал не е Барселона да прави киксеви во трансферите

EPA-EFE/CATI CLADERA

Голем интерес за фудбалерот на Реал Мадрид кој пристигна од академијата на Барселона.

Такефуша Кубо е еден од најталентираните фудбалери на денешницата, младиот Јапонец има 19 години и е член на Реал Мадрид.
Интересно што пред да пристигне во „кралскиот“ клуб, Кубо беше дел од академијата на Барселона, но откако каталонскиот клуб беше казнет поради нелегални трансфери на млади фудбалери, Јапонецот не смееше да игра повеќе за каталонците и се врати во татковината. Но, по само една полусезона во Јокохама го купи Реал Мадрид.

Кубо потпиша петгодишен договор, а првичниот план на претседателот Флорентино Перез беше да го искористи младиот фудбалер за зголемување на попупарноста на Реал Мадрид. Но тренерот Зинедин Зидан веднаш сфати дека станува збор за екстра талентиран играч кој веќе има седум настапи за репрезентацијата на Јапонија.

такефуша кубо/ EPA-EFE/LYNN BO BO

Затоа наместо да биде испратен во третата лига и да игра за вториот тим на Реал, Кубо беше пратен во Мајорка каде е стандарден член на првио тим, но претходно доби нов подобар договор.

Следен чекор во кариерата на 18-годишниот Кубо би бил преселба на позајмица во Реал Сосиедад, но лесно може да се случи тој да се врати и на „Сантијаго Бернабеу“ каде би го наследил Лука Модриќ за кого се шпекулира дека ќе си замине на лето.

Такегфуша Кубо/ EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Неговите игри за Мајорка не останаа незабележани, ПСЖ и неговиот директор Леонардо сакаа да преговараат со Перез за трансфер, но останаа подзинати кога слушнаа колку „кралевите“ бараат за Кубо. Перез ги извести челниците на ПСЖ дека нема шанси да преговара со никого бидејќи цената на Кубо за сите е иста и стои во откупната клаузула 250 милиони евра.

Перез во исто време им напоменал на Леонардо и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи дека тој не е како Барселона и нема да ги направи нивните киксеви во трансфер политиката и лесно да се откаже од своите фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот