Анџелина Џоли и Бред Пит/ Фото: EPA/IAN LANGSDON

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит можеби заврши, но една битка сè уште трае

Цели осум години траеше макотрпната бракоразводна на Анџелина Џоли и Бред Пит траеше осум години, кој сега конечно заврши, но на една битка не и се наѕира крајот.

Откако постигнаа спогодба за нивниот развод, со кој конечно заврши долгата осумгодишна правна битка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално повеќе не се во брак. Сепак, тие допрва ќе се сретнат на суд и тоа поради клучниот спор вреден 62 милиони долари, кој се уште останува нерешен.

Последниот потпис на документите за развод го ставија во понеделникот, но борбата за францускиот замок и лозјето Миравал, наречена „Војна на розите“, се уште трае.

Иако Џејмс Сајмон, адвокатот на Анџелина Џоли изјавил дека неговата клиентка конечно ’чувствува олеснување’, бидејќи целиот овој процес ја ‘исцрпил’, борбата не завршува тука.

„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата се иселија од куќата што ја делеше со г-дин Пит и оттогаш се фокусираше да го најде својот мир и да ги залечи сите рани што ги претрпе нејзиното семејство низ годините“, додаде адвокатот, кој не сакаше да коментира за продолжението на судската битка.

Дали ќе чекаме речиси цела деценија за да ја видиме разрешницата на оваа битка, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот