Фото: pexels-cottonbro

Разводот може да се предвиди: Научници проучиле 100.000 луѓе од 55 земји и откриле формула

Разводот, законското раскинување на бракот, се случува поради многу причини, може да биде предизвик за двете страни и може да има силно влијание врз физичкото и менталното здравје на поранешните сопружници. Израелските научници проучувале 100.000 луѓе од 55 земји и откриле дека разводот може да се предвиди со следење на социјалните (културни) и личните вредности.

Сари Менцер и Лила Сагив, истражувачи од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, спроведоа студија која ја испитуваше врската помеѓу вредностите и разводот. Резултатите, објавени во една студија во „Communications Psychology“, сугерираат дека интеракцијата на социјалните и личните вредности на брачниот другар може да предвиди развод, пишува „Phys.org“.

– Го истражуваме влијанието на етичките вредности во мотивацијата за прекин на бракот. Следејќи широка рамка на вредности, проучуваме како социјалните (културни) вредности ги објаснуваат варијациите во разводот меѓу различните нации, како личните вредности ги објаснуваат понатамошните варијации во нациите и како два системи на вредности влијаат еден на друг, напишаа научниците во нивниот труд.

Поединците ширум светот имаат различни социјални (културни) и лични вредности. Социјалните вредности се дефинираат како заеднички вредности кои стануваат општествени норми, кои можат да ја нагласат индивидуалната слобода или социјалната стабилност и традиција. Личните вредности, од друга страна, се вредности кои влијаат на однесувањето на поединечните луѓе. На пример, една личност може да ја цени независноста, новите искуства и самозадоволството, додека друга може да ја цени традицијата и социјалната усогласеност.

Сари Менсер и Лила Сагив анализирале податоци од три студии, во кои учествувале повеќе од 100.000 луѓе од 55 земји. Тие ги проучувале одговорите со фокусирање на конкретни аспекти од врската и разводот, како и брачната историја.

– Откривме дека разводите се пооправдани во нациите каде што постои верување во независност, стимулација и хедонизам. Разводите се помалку оправдани во нациите каде традицијата е ставена пред поединецот, наведуваат научниците.

Начинот на кој вредностите на општеството се совпаѓаат со вредностите на поединецот е формула која може да го предвиди разводот , се наведува. Поединците кои повеќе веруваат во независност, нова стимулација и задоволство полесно ќе се одлучат да се разведат, додека на оние кои веруваат во традиција и социјална хармонија ќе им биде потешко да одлучат. Личните вредности имаат посилно влијание во земјите кои повеќе веруваат во независност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот