Разговор со д-р Тихомир Цветковиќ: Третман за зголемување на усни со дермални филери

Ефектот е моментален, а не е потребна ниту претходна подготовка за процедурата, ниту посебни мерки на претпазливост по нејзиното извршување

Во ординацијата „Дерма плус“ третманот за зголемување на усните се изведува со најквалитетните дермални филери во облик на инјекција, која се аплицира низ должината од работ на усните и самите усни, за да се добие саканиот волумен. Техниката за аплицирање сосема се прилагодува на потребите на пациентот, за да се постигне посакуваниот резултат.

На оваа тема разговараме со д-р Тихомир Цветковиќ од ординацијата „Дерма плус“.

Како на усните делуваат дермалните филери?

– Дермалните филери претставуваат бустери на волумен наменет за пополнување на одредени зони или анатомски целини на телото. Тие по составот се безопасен и безбедно изработен гел од хијалуронска киселина, која има функција да привлекува вода од ткивата и со тоа да надополни волумен каде што е потребно или каде што сакаме. Најчесто тие места се усните и јаболчниците од лицето, но се третираат и носот, долната вилица и рацете.

Како треба да се подготвиме за третман на зголемување на усни?

– Подготовката од страна на пациентот е практично непостоечка. Секоја подготовка, како дезинфицирање на местото или отстранување на шминка, се врши на самото место каде што и се работи техниката. Не треба да се преземаат никакви подготовки и пациентот во кое било време може да го направи овој третман. Единствено постојат контраиндикации како некаква рана или активна инфекција, како и одредени хронични болести кои спречуваат да го користиме дермалниот филер за естетски цели.

профимедиа

Болен ли е третманот? Колку време трае целиот зафат?

– Болката зависи од местото и е присутна при работа на кој било дел на кој се применува. Сепак, тоа не е некоја болка која бара хируршки анестезии, така што нашите пациенти одлично реагираат на овој третман. Постојат локални анестетици во вид на спреј или крема, кои може да ги намалат овие симптоми, но ретко ги користиме во праксата. Времетраењето на третманот е многу кратко и би траело отприлика неколку минути. Во пракса, времетраењето е различно во зависност од регијата (поголеми регии се разбира бараат повеќе време за правилен третман), но сепак третманот во целост не трае повеќе од десетина минути.

Колку време трае отокот по зголемување на усните? Дали може сосема да се избегне отокот?

– Отокот е неизбежен дел од третманот поради локалната траума од иглата и експанзијата на гелот во ткивата. Овие отоци траат во просек по неколку дена и брзо исчезнуваат. Никогаш не се трајни и немаат негативен импакт врз крајниот резултат. Отокот може драстично да се намали, но не и целосно да се избегне, како што веќе напоменавме. Масажа на местото и ладни облоги го забрзуваат процесот на заздравување на ефектот од иглата каде што е третирано местото.

Колку ќе трае ефектот на зголемени усни?

– Ефектите од овој третман се индивидуални, а просекот налага трајност до 6 месеци за класичните хијалуронски филери. На пазарот постојат и таканаречени потрајни филери на база на калциум, кои траат до една година, но овие поретко ги работиме во нашата секојдневна пракса. Нормалното консумирање вода во секојдневието го продолжува ефектот на филерот и се пролонгира задржувањето на волуменот. По истекот на тие просечни 5-6 месеци, третираното место полека но сигурно го губи волуменот надокнаден од самиот филер и се препорачува повторен третман.

Што ако резултатот не ни се допадне, ако не можеме да се прифатиме со промената на себе?

– Доколку пациентот не е задоволен од постигнатиот изглед од дермалните филери, се разбира не мора да чека половина година за да го анулира ефектот. Секоја установа што е сертифицирана да користи дермални филери, има и антифилер или хијалуронидаза. Тоа е раствор кој има за задача да го разложи хијалуронот брзо и ефективно. Ретко се случува во праксата да го користиме, но не е и исклучено. Овој раствор освен по желба на пациентот, ние како лекари го користиме и при појавата на многу ретките несакани ефекти од филерите.

Ординација „Дерма плус“, бул. „Јане Сандански“ 84, Скопје

тел. 02 244 6600

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот