Разговор со интернист-кардиолог д-р Маја Врчаковска: Дебелина и прекумерна телесна тежина – состојба или болест?

профимедиа

Генетските фактори се внатрешната сила која ни помага да се дебелееме, а факторите од околината се надворешната сила, која дополнително придонесува за овој проблем.

Дебелината и прекумерната телесна тежина означуваат зголемена акумулација на масно ткиво. Дебелината повеќе не претставува само естетски проблем како резултат на прејадување или недостаток на самоконтрола. Светската здравствена организација денес дебелината ја смета за хронична прогресивна болест како резултат на мултипли генетски и фактори на околината.

Околу 500 милиони возрасни во светот страдаат од дебелина, еден билион се со прекумерна телесна тежина, меѓу нив 48 милиони се деца. Всушност, вкупната човечка маса во светот е значително зголемена.

д-р Маја Врчаковска, интернист-кардиолог

 Зошто се дебелееме? Зошто дебелината и прекумерната телесна тежина се во пораст?

Секој од нас познава по некој човек кој во изобилство консумира сладоледи, торти и сè што ќе му дојде на памет, а сепак нема проблем со тежината. Друга крајност се луѓето што се дебелеат иако јадат многу малку. Зошто е тоа така? Која е причината поради која се дебелееме?

Многу едноставно објаснување би било дека нашата телесна маса зависи од бројот на калории што ги внесуваме, колку од нив складираме и колку калории трошиме. Но секој од овие фактори е под влијание на комбинацијата на гените и околината, односно начинот на живот. Овие два фактори имаат влијание на нашата физиологија (како на пример колку брзо ќе ги потрошиме калориите), како и нашето однесување (пр. каква храна консумираме). Влијанието на овие два фактора стапува во сила уште во моментот на нашето зачнување и продолжува низ целиот наш живот.

Постојат повеќе од 400 различни гени одговорни за дебелина или прекумерна телесна тежина. Гените придонесуваат така што имаат влијание врз апетитот, ситоста, метаболизмот, силен нагон за одредена храна, распределба на масното ткиво и тенденција храната да се користи како утеха при стрес.

Што се тоа „штедливи“ гени? Порано кога немало улов на животни или немало жетва, како преживувале нашите претци без извор на храна? Оние кои биле способни да складираат масно ткиво во телото преживувале, за разлика од оние кои не можеле да складираат масти. Оваа еволуциска адаптација објаснува дека повеќето луѓе денес (околу 85% од нас) носат т.н. „штедливи“ гени, кои ни помагаат да складираме енергија и масти. Се разбира, денес овие гени се повеќе проклетство отколку благослов. Храната не само што ни е насекаде достапна, туку ние и не мора да ја ловиме или да ја береме. Напротив, луѓето со силна генетска предиспозиција за обезност може да не успеваат да загубат тежина со вообичаени диети и физичка активност. Дури и да загубат килажа, тешко можат да ја одржат. Типично овие луѓе имаат потреба од препораки од стручно лице како лекар и нутриционист.

Генетските фактори се внатрешната сила што ни помага да се дебелееме, а факторите од околината се надворешната сила, која дополнително придонесува за овој проблем. Тука спаѓаат сите фактори од средината кои доведуваат до тоа да јадеме премногу или да вежбаме премалку. Затоа експертите сметаат дека факторите од средината се движечката сила, која го објаснува драматичниот пораст на дебелината. Шеќерната индустрија со моќни маркетиншки трикови ни го одвлече вниманието од јаглехидратите и воопшто шеќерите и ни го насочи кон мастите.

Денес уште од детска возраст консумираме храна која е висококалорична, процесирана, без хранливи материи. Во храната во која наводно „нема шеќер“, има вештачки засладувач, храната која е „без холестерол“ или „со ниска масленост“ е збогатена со шеќери, млечните ферментирани производи се со додаток на растителни масти (трансмасти), кои се канцерогени, како и со додаток на скроб. За разлика од храната со низок гликемиски индекс (храна која споро го качува шеќерот во крвта) какви што се полнозрнест леб, леќа, боранија и сл., храната со висок гликемиски индекс како слатки, бели тестенини, компир, ориз и сл. нагло го зголемуваат шеќерот во крвта и стимулираат глад и силен нагон за храна што доведува до прејадување. Но дали сите калории се исти? Храната богата со јаглехидрати со висок гликемиски индекс доведува до успорување на метаболизмот споредено со храната богата со масти и протеини, па така луѓето трошат помалку енергија кога внесуваат ист број калории.

Од друга страна пак, движењето ни е сведено на минимум, тргнете од фактот дека зад секој агол има маркети за храна или со возило се одвезуваме до најблискиот супермаркет и тоа паркираме што е можно поблиску до влезот. Во домот имаме достапна апаратура како машини за садови, перење на облека и сл., со цел да ни се олесни животот. Во просек секој човек поминува околу четири часа пред телевизор, па нормално, со толку развиена филмска индустрија и сериски филмови за кои едвај чекаме да дознаеме што ќе се случи во следната епизода. Постојат сè повеќе докази дека начинот на кој живееме – колку спиеме, нивото на стрес и други физиолошки фактори – придонесуваат за дебелеење.

Во центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ се нудат нутриционистички програми за пациенти со прекумерна телесна тежина. Во тимот при кабинетот за диететика и диетотерапија се вклучени дипломирани нутриционисти, а пациентите се под лекарска контрола, па затоа и успехот е огромен и резултатите се очигледни. Се прави метаболна проценка, а некогаш кога е неопходно и хормонални испитувања и се ординира соодветна терапија и суплементи. Во Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ тимската работа е клучот за успех.

Центар за внатрешни болести „Срце“

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот