Полиција / фото: илустрација

Разбојници ограбиле стан во кој живеат баба и внук-тинејџер, насила однеле пари

65-годишна жена од Скопје пријавила дека во станот во кој живее заедно со малолетниот внук, вчераутро влегле разбојници кои го нападнале внукот и однеле пари, соопшти МВР.

„На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот