Разбиена педофилска мрежа: Снимале како силуваат деца, уапсени 33 лица од 11 земји

фото: Слободен печат, архива

Заедничката акција на полициските сили од дури 11 земји придонесе за апсење на 33 лица кои се сомничат за злоупотреба на деца, прикажување, набавка и поседување на порнографски материјали и искористување на малолетни лица за порнографија.

Во Шпанија се уапсени 17 лица, а меѓу нив има и малолетници, кои во група на апликацијата „WhatsApp“ со осомничените од други држави разменувале фотографии и снимки со порнографски содржини во кои учествуваат деца.

Некои снимки прикажуваат силување на многу мали деца, жртви од кои најмладата имала само неколку месеци, а најстарата 12 години.

Во Уругвај се уапсени две лица. Меѓу нив е и една мајка која се сомничи дека сексуално ја злоупотребувала сопствената ќерка и сите сцени ги снимала, а потоа ги испраќала снимките во групата.

Полицијата уапси и маж (29) кој наводно ги охрабрувал членовите на групата да „остварат контакт“ со малолетни девојчиња и потоа да испраќаат материјали.

Шпанската полиција ја следела оваа група цели две години, а во истрагата биле вклучени и Еуропол и Интерпол.

Освен во Шпанија и Уругвај, апсења имало и во Велика Британија, Перу, Индија, Италија, Франција, Пакистан и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот