Расте побарувачката за работници во земјава

Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, соопшти директорката на Агенцијата за вработување.

И во услови на криза предизвикана од КОВИД 19 продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите, истакна директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска при денешната посета на Центарот за вработување во Берово.

– Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања меѓу кои продавачи, шивачи, келнери, администратори, градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица и слично, истакна Јовановска.

Агенцијата продолжува да ги спроведува активните програми и мерки за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот