Фото: Pexels/Nandhu Kumar

Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, Комисијата на епидемиолози одржа вонреден состанок

Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција денеска одржа вонреден состанок поради драстично зголемениот број заразени со Ковид-19 во земјата, а според грчките медиуми, била истакната препораката во здравствените установи да се носи маска.

Според истите информации, епидемиолозите ја разгледале актуелната ситуација во земјата, не донеле конкретна одлука, ја потенцирале силната препорака да се носи маска во болниците, здравствените центри, во домовите за грижа на стари лица, но и во јавниот превоз, а акцентот бил ставен на вакцинацијата, особено на лицата над 60 години.

Во изминатиот период во Грција, особено е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, аптеките секојдневно се полни со граѓани кои купуваат тестови за домашна употреба, а зголемената позитивноста кај тестираните примероци беше потврдена и во последните два извештаи на Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за периодот од 4 до 17 декември.

Според последниот извештај најзастапени подваријанта се EG.5 (Ерис), XBB.1.5 (Кракен) и ΒΑ.2.86, а потврдени се и случаи на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA. 2.86.

Грчката телевизија ЕРТ објави дека секојдневно во болниците се хоспитализираат во просек по 200-250 пациенти со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот