Амбулантски возила пред градска болница / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Расте бројот на грипозни, најголемо жариште е Куманово

114 заболени од грип во државава се регистрирани за само шест дена. Според податоците на ИЈЗ, заболените се регистрирани во периодот од 24 до 30 ноември. Бројот на заболени е поголем за 25.3 отсто од минатата недела. Споредбено со 48. недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони ,се регистрира зголемување од 2,7 отсто.

Од ИЈЗ информираат дека заболените лица оваа недела се регистрирани во 11 ЦЈЗ/ПЕ, односно во Куманово – 49, Струмица – 16, Штип -11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – 6, Македонски брод – 5, Неготино – 3 и Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип заболувања слични на грипот изнесува 776, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирани зголемување од 25,9 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрирани на територија на Гостивар, a највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група што опфаќа најголем дел од населението – од 15 до 64 години 584 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот