Растат тензиите! Американската морнарица изведува маневри во Јужното Кинеско Море

Маневрите доаѓаат во време на раст на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг во врска со ширењето на корона вирусот и по обвинувањата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Кина ја користи пандемијата за да ги „уценува“ своите соседи во Јужното Кинеско Море.

Бродот на американската воена морнарица, „Банкер Хил“ денеска изведуваше маневри за „слободна навигација“ со цел да ги оспори кинеските територијални претензии кон спорните острови во Јужното Кинеско Море, кои според тврдењата на Вашингтон, Пекинг се обидува да ги милитаризира.

Маневрите доаѓаат во време на раст на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг во врска со ширењето на корона вирусот и по обвинувањата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Кина ја користи пандемијата за да ги „уценува“ своите соседи во Јужното Кинеско Море.

Според информациите од претставникот на Седмата флота на американската воена морнарица, Риен Мамсен, маневарот претставува демонстрација на примена на важечките меѓународни прописи за правото на слободна навигација.

Сличен маневар вчера изведе и ракетниот разорувач Бар во водите недалеку од островот Персел во овие спорни води.

– Овие маневри на слободна навигација се поддршка за правата, слободите и законското користење на морето согласно со меѓународното право и ги осудиваат забраните за слободен премин низ водите на Јужното Кинеско Море кои ги воведува Кина, додава Мамсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот