Распуштен португалскиот парламент, закажани предвремени избори

Португалскиот парламент/ Фото EPA-EFE/MARIO CRUZ

 Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса денеска соопшти дека го распушта парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 30 јануари, по неуспехот на малцинската социјалистичка Влада да го донесе буџетот за следната година на гласањето во парламентот, пренесува Ројтерс.

Ваквата најава беше очекувана, откако претседателот Де Соуса претходно изјави дека Португалија ќе излезе на избори две години пред редовниот термин доколку парламентот го отфрли владиниот предлог за буџетот за 2022 година, што се случи минатата недела.

Претседателот веста за предвремените изнбори ја соопшти во телевизиско обраќање до нацијата.

Политичка криза во земјата

Изборите доаѓаат во чувствителен период за земја со 10,3 милиони жители која се подготвува да почне ја распределува помошта од 45 милијарди евра од ЕУ за стимулирање на економијата по пандемијата на Ковид-19.

Неодамнешните анкети покажуваат дека централно-левичарската Социјалистичка партија лесно ќе победи на изборите, но нема да освои парламентарно мнозинство.

Пандемијата не треба да ги нарушува изборите. Популарната кампања за масовна вакцинација во голема мера засега и помогна на Португалија да го потисне Ковид-19. Земјата од средината на септември пријавува во просек по помалку од 1.000 нови инфекции дневно, заедно со едноцифрен број на смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот