Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

Распродадени билетите за натпреварот Данска – Македонија во Копенхаген

Данската фудбалска федерација објави дека веќе нема билети за натпреварот од полуфиналето во плејофот за пласман на Светското првенство 2026 помеѓу фудбалските репрезентации на Данска и Македонија.

Овој натпревар ќе се игра на 26 март со почеток од 20.45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Стадионот во Копенхаген има капацитет од 38.190 седишта, а покрај данските навивачи, како што најавија од ФФМ, на трибините ќе бидат и македонските навивачи, според најавите ќе ги има над 1000, кои ќе ја дадат поддршката за нашите најдобри фудбалери.

Доколку Македонија ја победи Данска во четврток вечер, пет дена подоцна ја очекува финале од плејофот на гости против Чешка или Ирска.

Доколку загубиме од Данците, на 31 мај ќе играме на гостински терен пријателски меч против поразениот од дуелот Чешка – Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот