Расплакана и тажна: Иако е најпосакувана манекенка, Бела Хадид преку „селфија“ се отвори за својата несигурност

бела хадид
Фото: Принтскрин / Instagram

Иако важи за една од најпосакуваните и најбараните манекенки во моментот, Бела Хадид сепак се бори со свои несигурности – и јавно го сподели тоа објавувајќи расплакани „селфија“ на својот профил на Инстаграм. 

25-годишната манекенка сподели фотографии од себеси расплакана, отворено говорејќи за својата анксиозност.

„Те сакам, и тебе и твоите зборови. Направи да се чувствувам малку помалку сама и затоа сакам да го постирам ова“, напиша Бела означувајќи ја Вилоу Смит на објава од видео клип од нејзино интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)

Бела Хадид и Вилоу Смит, како деца на познати личности кои растеа со популарноста и беа „осудени“ на неа уште од мали нозе, важат за пријателки кои си помагаат во моментите од животот во слава, а оваа објава значително ги потресе следбениците на Бела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

„Тоа чувство кога мислиш дека си доволно добар или да се чувствуваш несигурно заради твојата уметност – тоа е природно – но во исто време, се чувствувам како да е научено. Сите луѓе се различни, секој еден човек има нешто толку уникатно и посебно да го понуди. И луѓето забораваат дека секој во суштина се чувствува на истиот начин: изгубен, збунет, не баш сигурни зошто се тука. Таа анксиозност, секој се чувствува така – и се обидува да го прикрие на некој начин. Ние ќе се обединиме во нашите недостатоци. Во нашите несигурности, во нашата радост, во нашата среќа, и ќе го прифатиме сетокако убаво и природно. Тоа е тоа што ќе ги урне ѕидовите и ќе ги обедини сите да бидат како не, ја разбирам твојата болка и твојата радост, и ќе бидеме добро, ќе бидеме океј“, говори Вилоу во видеото од интервјуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Бела Хадид беше прославувана уште пред воопшто да зачекори на модните писти, а Вилоу Смит уште од најмали години беше подржувана од своите родители Вил и Џејда отворено и креативно да се искажува, дури и во популарниот свет.

„Тоа е практично секој мој ден, секоја вечер веќе неколку години наназад.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

“Социјалните мрежи не се реални. За секој кој се бори, ве молам запаметете го тола. Понекогаш сè што ви треба е да слушнете дека не сте сами. Па од мене за вас, вие не сте сами. Ве сакам, ве гледам, и ве слушам. Самопомошта и менталната болест/хемискиот дисбаланс не се линерано нешто и скоро е како лебдечки ролеркостер од препреки… Има свои успони и падови, и од страна на страна. Но сакам да знаете, секогаш има светло на крајот на тунелот, и ролеркостерот секогаш доаѓа до конечна станица во некој момент (Секогаш има простор да се почне одново, но за мене отсекогаш било фино да знам дека дури и доколку се неколку денови, недели, или месеци, ќе се подобри, до некаде, дури и само за момент.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Социјалните мрежи станаа медиум за вентилирање на личните чувства, но и сомнежи и вознемирености, а тоа воопшто не ги изолира и светски славните личности.

„Ми беше потребно долго време да го ставам тоа во својата глава, но јас сум имала доволно падови и прегорувања за да го знам ова: ако работите доволно јако на себеси, поминувате време сами за да ги разберете своите трауми, тригери, радости, и рутини, секогаш ќе можете да ја разберете или да научите повеќе за вашата сопствена болка и како да се справите со неа. Што е сè што можете да го побарате од себеси. Во секој случај. Не знам зошто но станува сè потешко и потешко да не ја споделувам мојата вистина тука. Ви благодарам што ме гледате и ви благодарам што ме слушате. Ве сакам“, напиша Бела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Првиот од коментарите на објавата беше на нејзината сестра Џиџи Хадид, која неодамна и самата поминуваше низ турбуленции во нејзиниот приватен живот откако нејзиното долгогодишно момче и татко на нејзината ќерка Зејн ја нападна нејзината мајка Јоланда.

„Те сакам“, едноставно напиша Џиџи. А емотивната подршка и е најсилното нешто кое можеше да ѝ го овозможи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот