Расчистено кривично дело во Карпош, приведени пет лица

Полициски службеници од СВР Скопје завчера околу 18.15 часот од седиште на правно лице на подрачјето на Карпош ги лишеле од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена околу 17.00 часот од страна на 52-годишна жена од Скопје, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг, информираат од МВР.

– По преземени мерки и активности од страна на инспектори од Единицата за насилен криминал, по насока на дежурен Јавен обвинител и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот