Фото: Принтскрин/Инстаграм

Раперот кој пукаше во пејачката, итно хоспитализиран: 14 пати бил избоден со нож

Раперот Тори Ланез, кој отслужува 10-годишна затворска казна за пукање во раперката Меган Ти Сталион во 2020 година, е итно префрлен во болница откако бил избоден 14 пати.

Хип-хоп уметникот, кој има 32 години, бил нападнат од друг затвореник во Калифорнискиот поправен дом во Техачапи, северно од Лос Анџелес, соопштиле официјални лица од затворот за медиумите.

Според неговата страница на социјалните мрежи, Ланез, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, претрпел оштетување на белите дробови и бил ставен на апарати за дишење.

 


Неговиот тим потврди дека бил избоден вкупно 14 пати, вклучувајќи седум рани во грбот, четири во торзото, две во задниот дел од главата и една на левата страна од лицето.

Според зборовите на неговиот тим, Ланез сега дише нормално, а тие исто така потврдиле дека тој сега „зборува нормално“ и е во „добро расположение“ и покрај болките.

Нападот се случил околу 7:20 часот наутро по локално време, изјави за Би-би-си Педро Калдерон Мишел од државното одделение за корекција.

Затворскиот персонал му укажал прва помош на раперот пред итно да биде однесен во болница, додаде Мишел, потврдувајќи дека истрагата е во тек.

Порталот Ти-ем-зет објави дека откако бил транспортиран во болница надвор од затворот, Ланез бил префрлен со хеликоптер во болницата Керн медикал поради неговата сериозна состојба откако бил избоден со „затворски нож“.

Раперот Тори Ланез што ја застрела Меган Tи Сталион доби 10 години затвор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот