Раперот Кање Вест шокира: Јас се кандидирам за претседател на САД (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот рапер Кање Вест синоќа на Твитер објави дека ќе се кандидира на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка со верување во Господ, обединување за нашата визија и изградба на нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на САД”, напиша Вест на Твитер.

Се уште не е познато дали Вест, силен поддржувач на политиката на актуелниот претседател Доналд Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите, закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата.

Во голем број сојузни држави се уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Главниот извршен директор на Тесла, Елон Маск, е еден од многуте што го поддржаа Вест.

„Ја имаш мојата целосна поддршка”, напиша Маск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот