Раперот „DMX“ симнат од апарати и дише самостојно, но состојбата и понатаму е критична

Instagram
Instagram

Познатиот рапер „DMX“ е симнат од уредот за вештачко одржување во живот по срцевиот удар, објави неговиот адвокат, без да потврди дека станува збор за предозирање, но дека сепак е загрижен за неговата состојба бидејќи истата сè уште не е стабилна.

Адвокатот на раперот, Мареј Ричман за американските медиуми изјавил дека сè уште е многу загрижен за животот на 50-годишната хип – хоп ѕвезда со вистинското име Ерл Симонс.

„DMX моментално е во болница, тој е таму поради срцев удар“, изјавил Ричман за PIX11 News.

„Тој е изваден од машината за поддршка и дише самостојно. Но, ние сме сè уште загрижени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DMX (@dmx)


„Би било нечесно од мене да кажам дека не сум загрижен во овој момент“, нагласил тој, додавајќи дека не знае дали медиумите точно објавиле дека станува збор за предозирање.

Според странските медиуми, „DMX“ се предозирал во петокот, на 2 април, што предизвикало срцев удар, по што раперот бил итно хоспитализиран.

Според информациите на неговиот менаџерски тим, „DMX“ страдал од астма уште од детството и претходно бил хоспитализиран за други здравствени проблеми, како и за зависност од крек.

Тој бил хоспитализиран во февруари 2016 година, откако се онесвестил на паркинг во хотел, за што подоцна изјавил дека се должело на астмата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DMX (@dmx)


Пораснат во Њујорк, „DMX“ потпишал договор со Колумбија Рекордс во 1992 година и соработувал со познати рапери како Џеј Зи, Џа Рул и ЛЛ Кул Џеј.

Тој исто така глумел во филмови како „Ромео мора да умре“ и „Од лулка до гроб“. Неговите најголеми хитови се Party Up (Up In Here) или X Gon ‘Give It to Ya.

Раперот „DMX“ хоспитализиран поради предозирање: Состојбата е критична!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот