Раперот „DMX“ хоспитализиран поради предозирање: Состојбата е критична!

Instagram
Instagram

Познатиот американски рапер Ерл Симонс, попознат како ДМХ, бил итно хоспитализиран во критична состојба откако, како што наведуваат, се предозирал.

Според странските медиуми, „DMX“ се предозирал во петокот, на 2 април, што предизвикало срцев удар, по што раперот бил итно хоспитализиран.

Извор изјави за „TMZ“ дека „DMX“ покажал „одредена активност на мозокот“, но бил во „вегетативна состојба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DMX (@dmx)

Раперот со години се бори со зависноста и досега беше неколку пати на рехабилитација, последен пат во 2019 година. Музичарот секогаш отворено зборувал за својата зависност од наркотични средства, за која еднаш изјавил дека започнала кога имал само 14 години.

Тој се пријавил во центарот за зависности во 2019 година, поради што откажал низа настапи и гостувања. Кога дознале дека „DMX“ е во сериозна состојба, многу познати личности на социјалните мрежи испраќаат јавни пораки дека се молат за него и за закрепнување.


Музичарите Рик Рос, Миси Елиот и Биг Фреди, повикаа на молитва за славниот рапер, пренесува „Complex“.


Да потсетиме, DMX е една од најголемите рап – ѕвезди што се појавија во текот на 90-тите години на минатиот век. Последниот настап го имаше во јули 2020 година, онлајн, заедно со Снуп Дог. Некои од неговите видеа имаат повеќе од 100 милиони прегледи на Јутјуб каналот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот