Раперот „DМX“ почина на 50-годишна возраст
Познатиот американски рапер Ерл Симонс, попознат како „DMX“ кој на 2 април беше хоспитализиран во критична состојба откако се предозирал, денеска почина на 50-годишна возраст.
Препорачано
Раперот и актер, денеска починал во болницата „Вајт Плејнс“ во Њујорк, а веста за неговата смрт ја потврди и неговото семејство за „People“.
„Со голема тага соопштуваме дека денес нашиот сакан „DMX“ со родено име Ерл Симонс, почина на 50-годишна возраст во болницата „Вајт Плејнс“ со своето семејство покрај него, откако беше ставен на кислородна поддршка изминатите неколку дена“, напишаа тие во изјава.
View this post on Instagram
Според странските медиуми, „DMX“ се предозирал на 2 април, што предизвикало срцев удар, по што раперот бил итно хоспитализиран.
Според информациите на неговиот менаџерски тим, „DMX“ страдал од астма уште како дете, а во минатото бил хоспитализиран и за други здравствени проблеми, како и за зависност од крек.
„DMX“ беше една од најголемите рап – ѕвезди што се појавија во текот на 90-тите години. Неговиот последен настап беше во јули 2020 година, онлајн, заедно со Снуп Дог. Некои од неговите видеа имаат повеќе од 100 милиони прегледи на „Јутјуб“.


