Ранѓеловиќ за одзивот во Кочани: Мизерија – наместо да бојкотираат, гласаа за системот кој ги проголта
Политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ во вечерашната дебата во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ рече дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори била очекувана, а реакциите од СДСМ ги оцени како „бесмислени и обиди за релативизација на поразот“.
Препорачано
„Чесно е да се признае. Победата е таква каква што е – очекувана. Отсега натаму, поголема борба ќе има кој ќе биде лидер на опозицијата, отколку кој ќе победи на следните избори,“ рече Ранѓеловиќ.
Тој особено се осврна на ситуацијата во Кочани, каде што, според него, излезноста на изборите ја покажала најголемата морална криза во државата.
„Ако трагедијата во Кочани е најголема од осамостојувањето, тогаш излезноста таму манифестира најголема мизерија. Наместо народот да бојкотира во знак на протест за загубените детски животи и родителите кои секојдневно протестираат, тие гласаа за истите партии кои го создадоа системот што ги проголта тие деца,“ рече аналитичарот.
Ранѓеловиќ додаде дека со ваквото гласање, граѓаните на Кочани ги „погребале“ не само родителите на загинатите деца, туку и надежите за морално и праведно општество.
„Очекував бојкот на изборите, ако не на ниво на цела држава, тогаш барем во Кочани,“ заклучи тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
20мин
-
45мин
-
53мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


