Рамос ги брои последните денови во Реал Мадрид

Желбата на капитенот на „кралевите“ за нов договор нема да му биде исполнета бидејќи бара премногу пари и наредната сезона најверојатно ќе му биде последна во Реал.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги стопира преговорите со Серхио Рамос за продолжување на договорот и се чини дека е подготвен да се раздели со капитенот.

Според актуелниот договор, платата на Рамос изнесува 12 милиони евра годишно и тој бара со новиот двегодишен договор да ја добива истата плата, што не му се допаѓа на Перез и лесно може да се случи наредната сезона да биде последна за капитенот во „кралскиот“ дрес.

„Марка“ пишува дека Перез е подготвен да му понуди двегодишен договор но максималната плата да изнесува 10 милиони евра, а доколку Рамос не се согласи на тие услови, на Европското првенство кое е презакажано за 2021 година ќе настапува како слободен играч.

Прочитајте и...  Англија завиена во црно: Почина легендарниот стопер, освојувач на СП

Перез за оваа намера го известил тренерот Зинедин Зидан и му предложил да бара евентуална замена доколку пропаднат преговорите.

Како наследник на Рамос се споменува, најбараниот дефанзивец во моментов, членот на Лајпциг,Дајот Упамекано. Но Реал го очекува тешка борба за потписот со Упамекано бидејќи сериозен интерес за него има и од Барселона, сите големи англиски екипи, ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.
Лајпиг уште сега ги извести екипите дека нема намера да го продава младиот дефанзивец за помалку од 60 милиони евра.

На списокот на Зидан се ноѓаат уште три имиња како потенцијални наследници на Рамос, Дијаз од Бенфика за кого Португалците бараат 100 милиони евра, Калиду Кулибали од Наполи за кого се шпекулира дека има преддоговор со ПСЖ и како трета опција е капитенот на Милан, Алесио Ромањоли кој би чинел околу 50 милиони евра.

Прочитајте и...  Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Прочитај повеќе

Пеналите го спасија Јувентус против неверојатната Аталанта

Слободен печат

Сити пукна „петарда“ и во Брајтон

Слободен печат

Поразот од Сасуоло ги зовре страстите: Тепачка во соблекувалната на Лацио

Слободен печат

Роналдо и Зидан повторно со ист клуб: Француски великан се подготвува за сензационален трансфер

Слободен печат

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Слободен печат

Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

Слободен печат

Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

Слободен печат

Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Слободен печат

Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

Слободен печат

Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Слободен печат