Рамчиловиќ ја отвори сезоната на предизборни коалициски математики

Фото: МИА

Со назначувањето на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието, собраниски извори за „Слободен печат“ велат дека и официјално стартуваат предизборните коалициски прегрупирања. Рамчиловиќ доаѓа на местото на пратеникот Весел Мемеди од НДП, кој си поднесе оставка по одземањето на Минстерството за локална самоуправа, а кое му беше дадено на ЛДП. Рамчиловиќ е потпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија АВАЗ, кој на парламентарните избори во 2016 беше дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За подобра Македонија“. Од АВАЗ велат дека коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ завршило уште минатата година кога донеле одклука да ги поддржат уставните измени.

Низ собраниските кулоари предлгот на СДСМ и ДУИ пратеникот Зеќир Рамчиловиќ да биде новиот потпретседател на Собранието, предизвика вистинско изненадување. Собраниски извори за „Слободен печат“ неофицијално велат дека не очекувале на шест месеци пред предврмените парлментарни избори мнозинството да избира потпреседател од редовите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Коментарите се дека ова се првите чекори на АВАЗ на овие избори да го смени дресот, односно да и се приклучи на коалицијата предовдена од СДСМ.

Пред една година Рамчиловиќ стана дел од 8-мина пратеници кои го поддржаа Преспанскиот договор  и уставните измени за новото име на државата. Неофицијално, евентуалната причина за ваквата одлука на власта, велат нашите собраниски соговорници, ја гледаат во предизборните математики за глас повеќе на предвремените избори на 12 април 2020 година. Во Македонија, според некои проценки, живеат околу 30 илјади Бошњаци. На  последниот попис во 2002 година имаше 17.018.

Потпретседателот на АВАЗ ќе биде третиот потпретседател на парламентот по Горан Мисовски од НСДП и Фросина Ташевска Ременски од СДСМ. Според предлог одлуката усвоена од Собранието пред неполни две години, за првпат парламентот доби пет потпретседатели предложени од политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ тогаш се противеше со образложение дека оваа бројка ќе предизвика дополнитени трошоци, но не даде свој предлог.

Во независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ остануваат Елизабета Канческа Милевска, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот