Рамадани: Евроатланскиот курс не смее да се загрози, опозицијата да не биде деструктивна

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Државата треба да го зачува евроатланскиот курс, опозицијата да не биде деструктивна, вели аналитичарот Исмет Рамадани, зборувајќи за разочараноста на граѓаните од предолгото чекање за отварање на преговорите за членство на државата во Европската Унија (ЕУ).

– Треба да се разбере разочараноста на граѓаните на Република Северна Македонија за долгото чекање за отварање на преговорите за члество со ЕУ. Но, сепак треба да се одржува интеграцискиот курс на државата и да се користи геостратешкиот интерес на ЕУ и САД за Западен Балкан. Зголемувањето на геополитичкиот интерес за Северна Македонија ќе амортизира уште поабсурдни барања од страна на Бугарија, изјави Рамадани за „Слободен печат“.

Според него, во овие мигови и опозицијата треба да биде внимателна во своите постапки, да не биде деструктивна и да презема одговорности за идеалната можност за почеток на преговорите за членство со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот