Фото: илустрација / Али Ахмети/Фејсбук

Рама вечерва се среќава со лидерите на партиите на македонските Албанци

Премиерот на Албанија Еди Рама вечерва во Тирана одржува средба со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24″.

-Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции, наведува телевизијата.

Пред средбата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за ТВ21 рече дека таа е „пријателска и братска“.

На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон заедничкиот европски пат.

„Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се профитабилни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската Унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата“ – рече Ахмети.

Албанските медиуми потсетуваат дека на 19 јули лани, кога беа отворени пристапните преговори за Албанија во ЕУ, преговорите беа отворени и за Северна Македонија, но со услов од Бугарија, која бара уставни измени за вметнување на бугарското малцинство во земјата во Уставот.

– Средбата ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса“, додава телевизијата.

Тиранска средба: Инструкции за уставните измени или пи-ар „платформа“ на Рама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот