Еди Рама / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Рама реагира: Албанија нема да плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа

Албанскиот премиерот Еди Рама денес на „Икс“ реагираше во врска со вестите што кружат во медиумите и социјалните мрежи во врска со Одборот за мир на Трамп за Појасот Газа, опишувајќи ги како неточни и водени од политички цели, пренесува Еуроњуз на албански јазик.

Во својот пост, Рама нагласува дека некои тврдења ширени во медиумите се лаги, додека пишува дека денешна Албанија е меѓународно почитувана земја и дека неговата посветеност е фокусирана на довербата на албанските граѓани и почитта на светската сцена.

Тој го завршува своето пишување со метафората: „Колку повеќе лаат кучињата, толку подалеку се движи караванот“.

Претходно тој на својот Фејсбук профил го објави текстот на писмото што го добил вчера од претседателот на САД, Доналд Трамп, кој лично го поканил да ја претставува Албанија во Одборот за мир за Појасот Газа.

Рама нагласи дека и се заблагодари за привилегијата и довербата што му ја дал и увери дека „ќе направам до крај сè што е потребно за да го прославам името на Албанија и достоинството на Албанците“.

Трамп формира тим за обнова на Газа по војната, Милеј и Карни поканети да се приклучат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот