Рама предупреди на проширување на рестриктивните антиковид мерки, не отфрла постоење на нови мутации на коронавирусот

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

По влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјата, албанскиот премиер Еди Рама предупреди дека се размислува за заострување на мерките, но како што додаде за тоа ќе одлучува Комитетот на експерти за справување со пандемијата.

-Комитетот на експерти ќе одлучи. Разговараме за некои дополнителни мерки. Да не влијае на економијата, туку да има максимално влијание во спречување на ширењето на вирусот, рече Рама.

Според Рама, правилата мора да се применат за да се избегне изолација како пред една година.

-Еден час помалку е еден час помалку контакти, два часа, три часа помалку. Тоа е опција и ние уште од минатиот викенд разговаравме што да правиме. Очекуваме од Комитетот на експерти. Ние ќе подготвиме кои други ограничувања можеме да ги направиме. Проучуваме некои други ограничувања, кои сметаме дека ќе имаат максимално влијание врз проширување на инфекцијата, додаде Рама.

Според него, постојат сознанија дека наглиот раст на новозаразени можно е да се последица на новите варијанти на ковид кои „по се изгледа влегле и во Албанија” за што се чекаат резултати од лабораторија во Велика Британија.

-Она што се смета секаде како друг бран на инфекции и што беше забележано со бројки кои драматично се зголемија, сега се рефлектира и овде, кај нас, додаде тој.

Посочи дека се многу мотивирани да сторат сè како што треба за да не бидат принудени да се вратат на силните ограничувачки мерки, но оти тоа бара мотивација од сите.

Само во текот на минатата недела во земјата се регистрирани седум илјади новозаразени а битката со опасниот вирус ја изгубија 80 пациенти. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот