Рама наскоро со подкаст: Ќе ги поканам и моите противници, ако прифатат

Еди Рама / Фото: Скриншот, Бледски стратешки форум

Платформите за социјалните медиуми континуирано се развиваат, секоја година со нови трендови кои го менуваат начинот на кој ги консумираме медиумите. Телевизијата станува сѐ помалку гледана, а луѓето ја заменија со „Нетфликс“ и „Јутјуб“.

Се чини дека и Рама го прифатил овој тренд и очигледно ќе почне да одбива интервјуа на телевизија и ќе комуницира само на Јутјуб.

Рама на неговите социјални мрежи го објави неговиот најнов проект „Да Зборуваме“ ,поткаст кој наскоро ќе започне да се емитува во социјалните мрежи.

Рама: „Добро утро и со неколку зборови за мојот Поткаст, ФЛАСИМ – “Да Зборуваме„  кој наскоро ќе биде отворен  за гости… Ви посакувам убава недела… Ова е ново искуство за мене и за вас: мојот поткаст кој е за слободен разговор, со ликови од јавната сцена, уметноста, културата, медиумите, Албанците, странците, пријателски настроени или не, дури и противници зошто да не.. ако ја прифатат поканата . Ова е желбата… Ајде да зборуваме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот