Рама ја промовираше специјалната единица на државната полиција ОФЛ

Тој додаде дека во екстремни времиња, потребни се екстремни мерки.

Еден ден пред да започне со теренска работа специјалната единица на државната полиција ОФЛ (Операција на владеење на законот), албанскиот премиер Еди Рама, на свечената промоција, порача дека ова е пресуден момент во историјата на соочувањето на државната полиција со криминалот.

Тој додаде дека во екстремни времиња, потребни се екстремни мерки.

– Ова е момент од големо значење во историјата на соочувањето на државната полиција со криминалот, убеден сум дека е од големо значење зашто ќе означи ново ниво на соочување со криминалот. Екстремно време бара екстремни мерки. Подготвени сме за екстремно соочување со организираниот криминал, крајно време е да дадеме соодветен одговор не само на организираниот криминал, туку и на сите оние кои ја потхрануваат недовербата во нашата способност, подготвеност и посветеност да се бориме до крај со организираниот криминал, порача Рама од свеченоста организрана по тој повод.

Албанскиот премиер истакна дека „денес државната полиција како никогаш досега е ангажирана и подготвена да зборува на јазикот на конкретни резултати, факти и бројки, што беше невозможно во минатото”.

– Без никаква дискусија иднината и Албанија кои ги посакуваме се многу подобри од она што го имаме денес. Ако можеме да бидеме критикувани за многу нешта, не можеме да бидеме критикувани за храброста и подготвеноста да направиме големи реформи, рече Рама.

Тој ја повика новата единица на државната полиција да донесе успеси во тој поглед и додаде дека Специјалното обвнтелство (СПАК) е гаранција за оваа акција.

– Тука сме за да ја поздравиме најновата полициска единица и да ве повикаме и да посакаме успех. Со работа почнува утре. Сега веќе имаме силен инструмент во рацете на државата, државната полиција и ОФЛ, специјалниот закон за преземање на сите потребни мерки против оние кои се осудени или обвинети за организиран криминал, тероризам, тешки кривични дела веќе 30 години, нагласи Рама.

Тој изрази голема верба дека земјата е на вистинското место, во вистинско време и ги има вистинските сили да ја направи историската промена во односот со криминалот во земјата.

Инаку, од утре на осудени или обвинети лица за организиран криминал, учество во криминални и терористички организации и други групи, трговија со луѓе и други тешки кривични дела, кои се предмет на законот „Анти-КЧК”, ќе им биде врачен формулар кој ќе треба да го пополнат во рок од 48 часа и да го оправдаат изворот на нивното богатство.

Пополнетиот образец се доставува до СПАК кој има 15 дена рок да го провери и потоа да го достави до судот, кој треба за 15 дена да ја донесе пресудата, без разлика дали тој имот е легален или противзаконски.

Доколку се докаже дека богатството што го поседуваат е создадено од криминални извори, тогаш тоа оди во сопственост на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот