Рама излезе на улиците на Тирана да ги разубеди пензионерите да се вратат дома

Фото: МИА

По секојдневните апели до граѓаните, особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина.

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.

Наведува дека избрал да оди без маска и ракавици затоа што го почитувал растојанието од најмалку еден метар.

– Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде сосотојбата беше многу позитивна. Проблем се пензонерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение – напиша Рама

„Не ме прашувајте зошто немам маска и ракавици“, додава Рама и објаснува: „Повторувам дека маската и ракавиците не се за пешаците, туку за болните, за оние кои се грижат за заболено лице или оние кои имаат можности за близок контакт воопшто…Пешаците доволно е да се придржуваат кон правилата, особено растојанието од еден метар, да не се ракуваат, да киваат и кашлаат според препораката“, пишува Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот