Ракот на дебело црево сѐ почесто се појавува кај помлади лица, а овој пијалак може да биде причината

девојка
Фото: Profimedia

Жените кои пијат два или повеќе засладени пијалаци во денот имаат дури два пати поголеми шанси кај нив порано да се развие рак на дебелото црево (пред 50- тата година од животот).

Веќе знаете дека слатките пијалаци можат да го зголемат ризикот од разни болести, но новата студија истакнува уште еден пијалак: газираниот кој ги зголемува шансите за карцином на дебелото црево, трет најчест рак којшто се појавува кај жените и кај мажите. Ракот на дебело црево претставува втора најчеста причина за смртност од малигни болести. Кај мажите е веднаш зад ракот на бели дробови, а кај жените зад ракот на дојка.

Во студијата научниците користеле податоци на веќе спроведени студии, во кои 96.000 жени пријавиле која напивка ја пијат во прашалникот што го пополнувале на секои четири години. Се покажало дека жените кои пијат два или повеќе засладени пијалаци во денот имаат дури два пати поголеми шанси кај нив порано да се развие рак на дебелото црево (пред 50-тата година од животот), во споредба со оние кои пиеле помалку од еден сладок пијалак во неделата.

пијалаци

Секој пијалак што ќе се испие во текот на денот е поврзан со 16 отсто поголеми шанси за развој на малигна болест. Притоа, ако секојдневно се консумираат такви пијалаци помеѓу 13-тата и 18-тата година од животот, постои дури и 32 отсто поголем ризик. Севкупно, кај поголем број испитаници бил откриен рак на цревата во помлада возраст.

Тие напивки ги вклучуваат газираните пијалаци, но и оние кои не се газирани, но имаат многу шеќери или фруктоза, како овошните напивки, засладените ладни чаеви, појаснил водачот на студијата, Џинхи Хур, од одделот за исхрана на Универзитетот „Харвард“.

Иако научниците знаат дека премногу шеќер може да има многу лошо влијание на здравјето, и понатаму ги интересирало што тоа точно од таквите пијалаци предизвикува рана појава на рак на дебелото црево. Д-р Хур мисли дека и тврдата храна со ист број на калории пружа повеќе задоволство од слатките пијалаци, што може да предизвика и дебелина.

пијалаци

Тоа, пак, може да доведе до проблеми со инсулинот и дијабетесот, а сѐ се тоа фактори за развој на рак. Во прашање е „западната храна“, која во поголем процент е процесуирана и има мошне малку растителни влакна. За да го намалите вашиот ризик, заменете ги засладените пијалаци со вода или млеко, кафе и чај без шеќер и добро внимавајте што јадете. Д-р Хур советува да се јаде што помалку црвено и процесирано месо, кое исто така е поврзано со развојот на рак на дебелото црево.

Наместо тоа, јадете намирници со многу влакна, кои ќе помогнат при движењето на дигестивниот систем. Бидете и активни, обидете се да одвоите барем 150 минути во неделата за активноста што ја сакате. Секако, не заборавајте ги превентивните прегледи, особено ако болеста ја имате во историјата на
семејството. Ако забележите промени, не игнорирајте ги.

Симптоми на рак на дебелото црево

За жал, симптомите на ракот на дебелото црево може да бидат нејасни или лесно може да се заменат со другите симптоми. Токму затоа, од голема важност е да се прават прегледи, особено ако се во прашање високоризични групи. Ако ракот на дебело црево се открие порано и лекувањето започне веднаш, тој е излечлив.

– Замор
– Анемија
– Крвава столица
– Промена на рутината на празнење на цревата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот