Ракометарките со победа над Алжир го завршија настапот на Медитеранските игри
Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Медитеранските игри во Оран, Алжир освојувајќи го седмото место.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Селекторот Љубомир Савевски кој во Оран настапи со кадетки и младинки, во последниот натпревар, за седмото место со 31:23 го совлада домаќинот Алжир. Ова воедно беше прва победа за ракометарките, претходно во групната фаза тие загубија од Турција, Португалија и Србија.
Резултатската неизвесност беше присутна во првите дваесетина минути кога ракометарските водеа со минимални 13:12, за во последните минути од првиот дел Дукоска и Миновска со по два гола ја однесоа Македонија на одмор до предност од 17:12.
Дилемите околу победникот беа решени во првите десет минути од второто полувреме кога Македонија не прими ниту еден гол, а притоа постигна шест и дојде до двоцифрена предност (23:12) по што рутински го приведе натпреварот до крајот. Теодора Дукоска со осум и Сара Миновска со пет гола беа најпрецизни во редовите на Македонија, додека Борјана Коцева, Емилијана Ризоска и Јована Кипријановска дадоа по четири.


