Ракометарките по трет пат поразени на Медитеранските игри

фото: МОК

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир губејќи од селекцијата на Португалија со 19:17.

Првиот дел помина во израмнета игра, избраничките на селекторот Љубомир Савевски одржуваа резултатска рамнотежа во првите 18 минути, по што следеше период од десет минути без постигнат гол и кој Португалките го искористија за да поведат со 12:9.

Младите ракометарки успеаја да постигнат два гола во финишот и на одмор заминаа со негатива од два гола 13:11.

Второто полувреме започна со два гола на Португалија за водство од 15:11, но Македонија успеа со мини серија да се приближи на 15:14. Во последните 15-тина минути и двете селекции имаа доста технички грешки, а во таква игра подобро се снајдоа Португалките кои на крајот славеа со 19:17.

Најдобра во нашиот состав беше Теодора Дуковска со шест постигнати голови.  Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот за седмото место на Медитеранските игри во кој ќе игра со поразениот од дуелот меѓу домаќинот Алжир и Тунис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот