Македонија/ИСФ

Ракометарките ќе играат за злато на Светското училишно првенство

Македонската женска кадетска ракометна репрезентација обезбеди место во финалето на Светското училишно првенство, откако во полуфиналниот дуел убедливо ја совлада селекцијата на Турција со 30-22.

Младите ракометарки ќе имаат шанса да се борат за златниот медал на престижниот турнир што се одржува во Скопје.

Натпреварот беше израмнет во првото полувреме, кое заврши 12-12, но во вториот дел Македонија целосно го презеде водството и со доминантна игра го скрши отпорот на противничката екипа за конечна победа од осум гола разлика.

Најефикасна во македонскиот состав беше Ивана Трифуноска со девет погодоци, додека Марија Димоска придонесе со четири гола.

Во финалето, Македонија ќе се соочи со Хрватска, која во своето полуфинале беше подобра од Романија.

Вардар се пофали со големо француско засилување: „Ајде да направиме арената да грми“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот