Матео Фадуил/РК Вардар

Вардар се пофали со големо француско засилување: „Ајде да направиме арената да грми“

Утрово Вардар го потврди засилувањето од Франција, Матео Фадуил кој во актуелната сезона е член на Трембле, а од наредната ќе го носи црвено-црниот дрес.

Фадуил е среден бек кој својата цела досегашна кариера ја помина во Франција, а во помладите категории беше дел и од Нант. Низ кариерата настапуваше уште за Кретеј и Саран.

Во овој момент тој е четврти стрелец во француската лига со 160 гола од 266 шута и 60.15% процент на реализација.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро – ајде да направиме арената да грми!“, изјави Фадуил.

„Со ангажманот на Матео Фадуил, Вардар добива ракометар кој веќе има искуство во силна француска конкуренција, играч што може да донесе креативност и дополнителен квалитет во организацијата на играта во сезоната што следува“, порачуваат од редовите на лидерот во табелата во македонската Суперлига.

Веселин Вујовиќ повторно ќе биде селектор на репрезентацијата која ја водеше на еден Мундијал?

ФОТО | РК Вардар 1961 добива силен партнер за новите предизвици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот